Пјер-Емерик Обамејанг до пред неколку месеци беше капитен и лидер на Арсенал, а сега клубот разгледува начини како да се ослободи од неговите услуги.
Напаѓачот не ги почитуваше клупските наредби и замина во Барселона, поради што беше отстранет од првиот тим и му беше одземена капитенската лента.
Оваа екипа сега ги разгледува начините како да го продаде Габонецот, но тоа ќе биде тешко иако имаше неколку заинтересирани клубови. Главниот проблем за Топчиите е што Обамејанг има неверојатна неделна плата од 300 илјади евра, а актуелниот договор му истекува во јуни 2023 година.
Популарниот Ауба во Арсенал пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 60 милиони евра.