26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Обамејанг од ВАР доби шанса вторпат да шутне пенал

На Англичаните тешко им оди навикнувањето на ВАР технологијата, па многу контроверзи предизвика одлуката на Арсенал да му биде доделено повторување на изведувањето на пенал, откако го утна првиот.

Пјер Емерик Обамејанг не го реализираше пеналот, Тим Крул му ја одбрани топката, но судијата гледаше снимка, и процени дека играчи на Норич предвреме влетале во 16-никот, па му дозволи на Обамејанг да шутне уште еднаш. Од „втора мајка“, Габонецот погоди и изедначи на 1-1. Ова е негов 27-ми гол во недела. Откако Оба е во Премиерлигата, никој нема дадено повеќе голови од него во неделите.

- Оглас -

Најнови вести