Обамејанг побара од Арсенал да го продадат, на ред чекаат Реал, Манчестер јунајтед и ПСЖ

Пјер-Емерик Обамејанг побарал од челниците на Арсенал да го продадат во следниот преоден рок бидејќи не сака да го продолжи договорот со популарните Топчии, кој му важи до идното лето.

Арсенал ќе биде принуден да реагира и веројатно да го продаде најдобриот играч за да заработи барем нешто и да избегне Габонецот да си замине идното лето како слободен агент.

Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид веќе има испратено понуда за Оби и се надева дека ќе го купи за сума од 50 милиони евра.

Во ред се построија и Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен, а дел од медиумите во Шпанија велат и Барселона, па ќе има интересна трка за ангажман на 30-годишниот напаѓач на Арсенал.

Клубот од Лондон на 31 јануари 2018 година си го урна клупскиот рекорд со ангажман на Обамејанг и плати околу 60 милиони евра на сметката на Борусија Дортмунд.

Лани Габонецот беше најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола и го подели признанието со двоецот на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах.

- Оглас -

Најнови вести