Обамејанг прави трансфер во еден од најубавите градови на светот!

Пјер-Емерик Обамејанг наскоро ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во ФК Лос Анџелес, клуб кој сака да ја пополни празнината по пензионирањето на Герет Бејл.

Габонецот не е регистриран за Челзи во ЛШ, а веројатно за него ќе нема место ниту во Премиер лигата, па разделбата со Сините е многу можна.

Обамејанг веќе е во преговори со Лос Анџелес и би можело кариерата да ја продолжи во МЛС-лигата, во која новата сезона стартува на 26 февруари, и тоа во клуб во кој играат ѕвезди како Џорџо Кјелини и Карлос Вела.

Инаку Оба, кој за 12 милиони евра на 31 август премина од Барселона во Челзи, на 17 меча одигра 841 минута за лондонските Сини и не се прослави, ја продолжи црната серија и малерот кој ги бие фудбалерите кои во Челзи го носат дресот со бројот 9 на грбот.

- Оглас -

Најнови вести