Обамејанг се договори со Барселона, трансферот зависи од најголемата утка на Каталонците

Пјер-Емерик Обамејанг се договорил со Барселона да игра како позајмен фудбалер во следните шест месеци, или до крајот на оваа сезона, но неговата преселба зависи на „Камп Ноу“ зависи од најголемата утка на шпанскито гигант, Усман Дембеле.

Дембеле треба да си замине од Барселона, за да пристигне популарниот Ауба.

Понуди за Усман има од Њукасл, Евертон и Тотенхем според англиските медиуми, но тие би платиле најмногу 20 милиони евра како отштета за играчот за кој Барса даде неверијатни 130 милиони евра.

Обамејанг имаше понуда од Саудиска Арабија, од Ал-Наср, но веројатно ќе оди на позајмица во Барселона.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести