Обединетото Кралство и Ирска ја објавија кандидатурата за домаќини на ЕП 2028!

Обединетото Кралство и Република Ирска официјално ја поднесоа кандидатурата за домаќини на Европското првенство во фудбал кое треба да се игра во 2028 година.

Британците ги открија и десетте стадиони на кои би се играло ЕВРО 2028. Станува збор за „Вембли“, „Вила парк“, новиот стадион на Евертон „Брамли Мур Док“, кој е во изградба, „Тотенхем хотспар стадиум“, „Етихад“ и „Сент Џејмс парк“ во Англија, „Авива“ во Даблин во Република Ирска, „Кејсмонт парк“ во Белфаст, Северна Ирска, „Хемпден парк“ во Глазгов, Шкотска, „Принсипалити“ во Кардиф во Велс.

„Олд Трафорд“ во Манчестер, кој го има вториот најголем капацитет од сите стадиони во Англија, отпадна.

Кандидатурата за организатор на ЕП поднесе и Турција, а одлуката каде ќе се игра првенството ќе се донесе во септември годинава. Турците се кандидираа и за 2032, а за тоа првенство противкандидат им е Италија.

- Оглас -

Најнови вести