Обезбедувањето на Лајпциг избрка 20 јапонски фанови од стадион поради Коронавирусот: Клубот сака да се оддолжи за грешката

Група од 20 фанови на Лајпциг кои допатувале од Јапонија да го проследат мечот меѓу Црвените бикови и Баер Леверкузен биле исфрлени од стадионот само 15 минути по стартот на средбата. Наводно, обезбедувањето реагирало врз расна основа, односно бидејќи доаѓале од Азија, веднаш реагирале со страв дека се носители на Коронавирусот.

Групата Јапонци се наоѓале во неутралната зона на трибините, имале желба да проследат меч од Бундеслигата, но само по 15 минути им било наредено да го напуштат стадионот. Поради ова недоразбирање кое се прочу низ социјалните мрежи, Лајпциг испрати извинување и сака да се оддолжи за грешката.

Клубот презеде иницијатива да контактира со избрканите фанови и да им овозможи седишта за следниот меч на Црвените бикови.

https://twitter.com/DieRotenBullen/status/1234483468677021698

- Оглас -

Најнови вести