Најдобриот аргентински, а за многумина и светски фудбалер Лионел Меси по завршувањето на настапите на Копа Америка, деновиве престојува во родниот град Росарио, каде што ги минува последните денови од летниот одмор пред да се врати во Барселона и да почне со подготовки за следната сезона.
Меси е навикнат секојдневно стотици фанови да бараат да се сликаат со него, но денеска се сменија улогите, тој самиот сакаше селфија. Фудбалерот беше во трговски центар во Фунес и таму направи серија инстант експрес фотографии.
„Поексклузивен клиент не можев да добијам. Најдобриот на светот. Те сакам Лео“, напиша Вики Колауто, девојката која имаше среќа да биде една од четворицата со кои Меси побара да го испроба експрес сервисот во фотостудио.
Се разбира, кога го видоа, многумина сами му пристапија и побараа фотографија, па и нив немаше срце да ги одбие.