Обидете се: за 100 денари уплата до добивка од дури 168.183 денари

Вкупна квота од дури 1.681 нудат осумте денешни натпревари од понудата на 17. коло од Спортската прогноза на Спортманија. Ако сметате дека мнозинството од речиси 500 прогнозери кои учествуваа во последното коло се во право, можете да уплатите барем 100 денари, и да чекате добивка од фантастични 168.183 денари во Sport Life обложувалниците.

Возбудувањата треба да почнат во 13 часот со глазговското дерби помеѓу Ренџерс и Селтик. Тука најмногу прогнозирале „икс“, а тоа се 164 прогнозери. Сепак, изедначеноста е голема. За двојка се 162 прогнозери, а победа на домашните очекуваат 131 прогнозери. За нерешено, квотата во Sport Life е 3,15.

Повеќе од половината прогнозери, поточно 51,2 проценти, веруваат во победа на Вотфорд над Вест Хем, што е со коефициент од 2,25. Во Англија, „кец“ треба да биде и Фулам – Њукасл, а 39,39 проценти од прогнозерите сметаат така. Квотата за единица е 2,65.

Најсигурен фикс треба да биде победа на Вилјареал над Еибар, како што сметаат 80,7 отсто од прогнозерите, а оваа единица е со квота 1,65, и единствена од осумте која е помала од 2. Од шпанската понуда Жирона треба да го совлада Леванте (така мислат 41,1 проценти), што носи коефициент 2,25, а за дуелот Леганес – Еспањол најмногу (38,5 проценти) прогнозирале нерешено (квота од 3,20).

Интересно е што малкумина веруваат дека Јувентус може да го добие гостивањето кај Рома која брка место во ЛШ. Најголем дел од прогнозерите се изјаснија за нерешено, безмалку 39 проценти од прогнозерите, а нешто помал број се за единица. Квотата за реми е дури 3,35.

За крај, Лион би требало да победи на гости кај Марсеј, како што мислат 39,1 проценти од прогнозерите. Двојката се наградува со квота 2,25.

Потенцијално големата добивка ви е „пред нос“, веруваме дека треба да се обидете да му верувате на мнозинството прогнозери.

- Оглас -

Најнови вести