9.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Објавата на Кристијано од пред четири години, денеска е хит во фудбалскиот свет!

Откако Манчестер јунајтед од водство на Мајкл Карик еден по друг успеа да ги совлада Манчестер сити и Арсенал, нешто што беше незамисливо додека ги тренираше Рубен Аморим, фановите на Јунајтед почнаа да бараат Карик да остане менаџер и по завршувањето на сезонава.

Тој добро ја врши работата како привремен тренер, а на социјалните мрежи денеска масовно се споделува една објава на Кристијано Роналдо од декември 2021 година (и тогаш Карик привремено, на три меча го водеше тимот, и исто така го победи Арсенал) во која тој го фали Карик и прогнозира дека неговиот некогашен соиграч во иднина може да стане и одличен тренер.

„Мајкл Карик беше класа играч, а може да стане и одличен тренер. Ништо не е невозможно за ова момче. Лично, горд сум што играв со него и што играв за него како менаџер на нашата клупа“, порача Роналдо пред нешто повеќе од четири години.

 

- Оглас -

Најнови вести