16.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Објавен почетниот состав на Македонија, Елмас и Миовски на клупа

Македонската фудбалска репрезентација на пријателскиот дуел со Летонија од 18 часот ќе тргне во формација 4-3-3.

Селекторот Милевски малку ги измеша картите и реши да поштеди дел од силите, па така на клупа се Миовски и Елмас, а во шпицот шанса од првата минута добиваат Растодер со Чурлинов и Ристовски како крила.

За очекување е сите да добијат шанса и да фатат ритам пред многу поважниот меч, гостувањето кај Велс во вторник. Вечерва очекуваме победа пред домашна публика.

- Оглас -

Најнови вести