Објавен поширокиот список на македонската ракометна женска репрезентација за ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на следниот месец ќе игра на Европското првенство, а селекторот Кристијан Грчевски објави список од 35 ракометарки на кои смета за ЕП. Од овие 35 ракометарки, 14 се интернационалки коишто играат во странски клубови.

За изненадување може да се смета што ја нема Леонида Гичевска, која игра за рускиот клуб Лада Тољати.

Нашата репрезентација на ЕП е дел од групата А со репрезентациите на Шведска, Турција и Унгарија, а овие три натпревари ќе се играат во унгарскиот град Дебрецин.

Последните тестови пред Европското првенство, Македонија ќе ги има против Хрватска и Србија на „Кроација куп“.

- Оглас -

Најнови вести