Објавен распоредот за ЛШ, Миовски ќе дебитира на гости кај ПСЖ, Динамо тргнува во Минхен

Како што најави, УЕФА денеска го објави распоредот за Лигата на шампионите.

Паровите за првото коло се: Јанг Бојс – Астон Вила, Јувентус – ПСВ Ајндховен, Милан – Ливерпул, Баерн Минхен – Динамо Загреб, Реал Мадрид – Штутгарт, Спортинг Лисабон – Лил, Спарта Прага – Салцбург, Болоња – Шахтар, Селтик – Слован, Бриж – Борусија Дортмунд, Манчестер сити – Интер, ПСЖ – Жирона, Феенорд – Баер Леверкузен, Црвена ѕвезда – Бенфика, Монако – Барселона, Аталанта – Арсенал, Атлетико Мадрид – Лајпциг и Брест – Штурм. Овие мечеви ќе се играат на 17-ти, 18-ти и 19-ти септември.

Главни дербија на стартот ќе бидат дуелите на Сити со Интер и на Милан со Ливерпул. Елиф Елмас со Лајпциг, во првото коло оди на мегдан на „Ванда метрополитано“ против силниот Атлетико Мадрид, Бојан Миовски дебито во ЛШ ќе го има на супер тешко гостување кај ПСЖ во Париз, додека Ристовски и Адеми со Динамо Загреб ги чека пекол во Минхен и гостување кај Баерн.

Најатрактивниот натпревар кој ќе се игра во нашето соседство ќе биде Црвена ѕвезда – Барселона, дуелот е закажан за 6-ти ноември.

Оваа прва фаза ќе трае до 29-ти јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести