Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Грузија (12 ноември, финале, плејоф за пласман на ЕП 2020), Естонија (15 ноември, Лига на нации) и Ерменија (18 ноември, Лига на нации).
На листата нема изненадувања, тука се сите фудбалери на кои Ангеловски сметаше и досега. Се враќа Елиф Елмас, кој го пропушти октомврискиот циклус.