Објавен ждребот за ОП на САД: Ѓоковиќ ги избегнува Алкарас и Синер до финалето

Организаторите на Отвореното првенство на САД го објавија ждребот за последниот гранслем-турнир во сезоната.

Српскиот тенисер и бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ, е поставен како втор носител и во првото коло ќе игра против квалификант.

Шампионот на Ролан Гарос и Вимблдон, Карлос Алкарас, е во делот од ждребот каде што е и првиот рекет на светот, Јаник Синер, па потенцијален противник на Ѓоковиќ во полуфиналето е Александар Зверев, кој е четврти играч на светот.

Во второто коло Ѓоковиќ го очекува победникот од натпреварот меѓу Ласло Ѓере и Ленард Штруф.

Во третото коло негов потенцијален противник би можело да биде освојувачот на Мастерсот во Монтреал, Алексеј Попирин, а во осминафиналето Бен Шелтон или Франсис Тијафо.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ би можело да се сретне со Андреј Рубљов или со Григор Димитров, додека во полуфиналето проектиран противник е Александар Зверев. Србинот би можело да се сретне и со Холгер Руне или Каспер Руд во полуфиналето.

Дури во финалето, олимпискиот шампион од Париз би можело да се соочи со Јаник Синер или Карлос Алкарас.

Шампионот на Отвореното првенство на Австралија, Јаник Синер, кој е под влијание на допинг-аферата, турнирот го започнува против Мекензи Мекдоналд, а во четвртфиналето би можело да се сретне со Данил Медведев или Стефанос Циципас.

Карлос Алкарас ќе игра против квалификант во првото коло, а неговите најсериозни противници во неговиот дел од ждребот се Алекс де Минор и Хуберт Хуркач.

Што се однесува до Зверев, тој започнува против Емил Русувуори, а во неговиот дел од ждребот се уште и Холгер Руне, Тејлор Фриц, Каспер Руд.

- Оглас -

Најнови вести