Аутопсијата покажа дека 28-годишниот аргентински фудбалер, Емилијано Сала, загинал во авионската несреќа поради повреди во пределот на главата и стомакот. Сала чие тело беше пронајдено на 4 февруари во авионот кој се урна во Ла Манш, а бил идентификуван со отпечатоци од прсти.
Форензичарите објавија во својот извештај дека Емилијано починал уште при самото приземјување на авионот во водата, бидејќи заработил тешки повреди на главата од силината на ударот.
Истрагата околу тоа како настанала несреќата, таа е одложена поради лошите временски услови, а прогнозата е дека истата ќе биде завршена во период од шест до дури дванаесет месеци. Во меѓувреме, семејството на исчезнатиот пилот Ајботсон се обидува по сопствена иницијатива да ја продолжи потрагата по неговото тело, а во хуманитарниот фонд повторно се вклучи Килијан Мбапе кој донираше 30 илјади фунти.