Објавена е листата на тенисери со најголема заработка во историјата, само големата тројка ја надмина границата од 100 милиони долари

Шпанскиот спортски весник „Марка“ ја објави листата на тенисери кои заработиле најмногу во историјата на „белиот спорт“ само од наградите од турнирите и тука големата тројка уште еднаш потврди дека е без конкуренција.

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер се единствените тенисери што ја надминале магичната бројка од 100 милиони долари заработка од настапите на тениските турнири.

Убедливо на првото место се наоѓа Ѓоковиќ со 166 милиони долари, додека Надал инкасирал 32 милиони помалку. Федерер е на третото место со 130 милиони, додека далеку зад него, четврти е Енди Мареј со заработка од 63 милиони долари.

Топ 10 тенисери со најголема заработка од настапи на турнири:
1. Новак Ѓоковиќ 166.861.716,00 милиони долари
2. Рафаел Надал 134.640.719,00
3. Роџер Федерер 130.593.339,00
4. Енди Мареј 63.535.777,00
5. Пит Сампрас 43.280.489,00
6. Станислас Вавринка 35.598.548,00
7. Александер Зверев 33.283.374,00
8. Давид Ферер 31.483.911,00
9. Марин Чилиќ 31.200.667,00
10. Андре Агаси 31.152.975,00

- Оглас -

Најнови вести