0.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Објавена листата на најдобрите светски клубови, каде се македонските екипи?

Компанијата ОПТА, која се бави со спортска аналитика, постојано ја ажурира листата на најдобрите светски клубови и ги пресметува во ранг-листата сите натпревари кои ќе ги одиграат екипите.

На најновата листа лидер останува екипата на Манчестер сити, пред Баерн Минхен и Ливерпул. Тоа значи дека нема никакви промени во водечката тројка. Реал Мадрид е на петтата позиција, додека Барселона е дури на 11-тото место.

Најдобриот клуб надвор од Европа е бразилскиот Палмеирас на 68-мата позиција, додека од клубовите од Саудиска Арабија најдобропласиран е Ал-Итихад на 166-тото место.

Во списокот на најдобрите клубови во светот има и 31 клуб од Македонија. Актуелниот шампион Струга е најдобропасирана екипа на 396-тата позиција, пред Шкендија и Шкупи, додека Вардар е на 1463-тото место во светот.

- Оглас -

Најнови вести