Порталот „Тутомеркато веб“ објави листа од 28-мина најплатени фудбалери во италијанската Серија А и според ова, најголема плата земаат Ромелу Лукаку од Рома и играчите на Јувентус, Душан Влаховиќ и Адриен Рабио.
Лукаку, Влаховиќ и Рабио заработуваат по 7 милиони евра нето за една сезона. По нив следуваат голманот на Јуве, Војќех Шченсни со 6,5 милиони, а по 6 милиони земаат Хакан Чалханоглу, Лаутаро Мартинес, Маркус Турам од Интер и Алекс Сандро од Јувентус. Интересно е дека на оваа листа од 28-мина најплатени играчи во Серија А нема ниту еден член на актуелниот првак Наполи.
Најмногу пари за плати на играчите троши Јувентус, а во топ 3 се и Интер и Рома.