Водачот на навивачите на Партизан, Љубомир Марковиќ-Кичо, бил нападнат од зад грб и немал никаква шанса да се спаси од убиецот во петокот вечерта. Марковиќ рекреативно играл фудбал во „балон“, кога излегол заедно со уште неколкумина пријатели.
Само што излегол од „балонот“, Марковиќ зад грб бил нападнат од маскирано лице, кое веднаш започнало да пука во убиениот. Љубомир се обидел да избега, но само по неколку метри паднал на земја, а убиецот се доближува до него и со уште два куршуми директно во главата се осигурува дека ја завршил работата. Останатите кои биле до Марковиќ не се нападнати, а убиецот веднаш бега.
Целата ситуација од убиството може да ја видите ТУКА.
Засега убиецот е непознат, а како еден од главните мотиви за нападот се верува дека е тоа што Марковиќ сакал да формира нова навивачка група и веќе започнал да регрутира голем дел од членовите на другите групи.