10.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Објавени кандидатите за најдобар млад фудбалер во 2025, го нема Јамал!

Италијански „Тутоспорт“ официјално го објави списокот од 25 играчи за наградата „Златно момче“ (Голден бој) за 2025 година. Оваа награда се доделува на најдобриот фудбалер до 21 година кој игра во Европа. 

Инаку, 20 младинци се вклучени врз основа на алгоритмот на „Тутоспорт“ и „Фудбал Бенчмарк“, а петмина добија вајлд-карти.

Меѓу оние кои се квалификуваа преку индексот на фудбалски бенчмарк се Дезире Дуе, Ворен Заир-Емери и Сени Мајулу од ПСЖ, триото на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, Франко Мастантуоно и Дин Хаусен, Естевао од Челзи, Пау Кубарси од Барселона, Кенан Јилдиз од Јувентус, Мајлс Луис-Скели и Итан Нванери од Арсенал, итн. 

Вајлд-картите им припаднаа на Џоб Белингам (Борусија Дортмунд), Франческо Пио Еспозито (Интер), Родриго Мора (Порто), Џовани Леони (Ливерпул) и Александар Станковиќ (Клуб Бриж). 

Наградата „Златно момче“ не може да ја освои истиот играч повеќе од еднаш, затоа ланскиот победник Ламин Јамал не е на листата, и покрај тоа што сè уште е под возрасната граница од 21. 

Претходни добитници на наградата „Златно момче“ беа играчи како Рафаел Ван Дер Варт (прв победник во 2003 година), Вејн Руни, Лионел Меси, Серхио Агуеро, Марио Балтели, Пол Погба, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Жоао Феликс, Педри, Гави, Џуд Белингам, итн. 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести