Објавени нови детали околу посетата на Мбапе во Шведска, каде што е обвинет за силување

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе се соочува со обвинение за силување во Шведска. За време на репрезентативните настапи, Мбапе помина два дена во Стокхолм, а потоа тамошните медиуми почнаа да пишуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид се соочува со сериозно обвинение.

Според пишувањата во Шведска, 25-годишниот фудбалер е фотографиран во центарот на градот, каде што бил во друштво со уште три лица, а потоа заминал во ноќен клуб. Наводното силување се случило ноќта меѓу четвртокот и петокот во хотелот „Банк“. Полицијата била во хотелот и истражувала, од каде што се собрани многу можни докази.

Веднаш по најавите за наводното силување, Мбапе изјави дека тоа се „лажни вести“, а неговиот адвокат потврди дека фудбалерот не е загрижен. Од Реал Мадрид му дадоа целосна поддршка на својот играч, а во следните денови останува да се види каква ќе биде разврската од овој случај.

- Оглас -

Најнови вести