Објавени почетните состави, Ди Марија повторно на клупа, Далиќ немаше дилеми!

Селекторите на Аргентина и Хрватска, Лионел Скалони, односно Златко Далиќ, ги отворија картите пред вечерашното полуфинале на Светското првенство во Катар.

Немаше многу дилеми со кои 11-мина ќе стартуваат двете селекции. Скалони се мислеше само дали да се потпре на поискусниот, но не е стопроцентно спремен Ди Марија, или стартер да му биде Паредес, па се одлучи за вториот, а Ди Марија ќе чека шанса да влезе во текот на средбата.

И Далиќ немаше многу дилеми, го избра Пашалиќ пред Влашиќ во нападот во почетниот состав.

Аргентина: Мартинез, Молина, Ромеро, Отаменди, Таљлјфико, Де Пол, Паредес, Е. Фернандез, Мекалистер, Меси, Х. Алварез.

Хрватска: Ливаковиќ, Јурановиќ, Ловрен, Гвардиол, Соса, Брозовиќ, Модриќ, Ковачиќ, Пашалиќ, Крамариќ, Перишиќ.

- Оглас -

Најнови вести