Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, и на Челзи, Греам Потер, не тактизираа премногу околу почетните состави за вечерашниот двобој од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.
Последната победа на Сините во Германија беше уште во сезоната 2014/2015 против Шалке 04. Челзи има само три триумфи на последните 11 гостувања во Германија, па нема да им биде лесно.
Кај Челзи, меѓу стартерите се јануарските принови Михајло Мудрик, Жоао Феликс и Енцо Фернандес, тука е и Хаким Зијех, кој за малку ќе си заминеше од клубот, а во шпицот е Германецот Хаверц. Марко Ројс е на клупа, па капитен на германскиот тим е Англичанецот Џад Белингам.