Објавени почетните состави: Миовски против Имобиле, Манев на местото на Ристовски

Селекторите Благоја Милевски и Лучано Спалети со различни формации ќе стартуваат во вечерашното надмудрување во дуелот на Македонија и Италија од квалификациите за ЕП 2024.

Милевски реши во отсуство на капитенот Стефан Ристовски, десен бек да биде Јован Манев, капитен е Енис Барди, а во шпицот на формацијата 4-2-3-1 е Бојан Миовски. Меу стартерите се и Елези и Атанасов.

Кај Италија, напаѓачкиот трилинг е Ѕакањи, Политано и капитенот Имобиле.

- Оглас -

Најнови вести