Џејдон Санчо, кој на четвртфиналниот дуел со Украина доби шанса во почетниот состав на Англија, вратен е на клупата за резерви и го нема меѓу стартерите кои Герет Саутгејт ги одреди за полуфиналето на „Вембли“ против Данска. Во стартниот тим на фаворитот се враќа Букајо Сака.
Нема големи изненадувања во составите на Англија и Данска, двата тима ќе настапат со фудбалери кои го носеа најголемиот товар на досегашниот дел од турнирот. Формацијата на Англичаните е 4-2-3-1, додека Данците тргнуваат со 3-4-3.