Објавени почетните состави на финалистите, има едно големо изненадување кај Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, одлучи да го остави Хрватот Иван Перишиќ на клупата за резерви за големото финале против Пари Сен Жермен, а на негово место како лево крило од првата минута ќе ги користи услугите на Французинот Кингсли Коман. Ова е изненадување, бидејќи Перишиќ играше добро и беше стартер на најголем дел од мечевите, но во полуфиналето Коман влезе на негово место, па Флик овојпат реши да направи рокада.

Други изненадувања во составите нема. Се официјализираа најавите дека на голот на Светците ќе застане закрепнатиот Кејлор Навас, кој може да стане прв голман во историјата со четири титули во ЛШ. Истотака не се случи изненадување во средниот ред, па Паредес ќе биде стартер, додека Верати ќе чека шанса од клупата за резерви.

Ова се почетните 11 со кои финалистите ќе го почнат дуелот на „Луж“ во Лисабон:

Баерн: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Тијаго, Горецка, Гнабри, Коман, Милер и Левандовски.

ПСЖ: Навас, Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Ерера, Паредес, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести