Објавени сатниците за Серија А, само 10 меча ќе бидат денски

Италијанското фудбалско првенство треба да продолжи во втората половина на јуни, а според објавените сатници за почеток на натпреварите, видливо е дека мал е бројот на средби кои ќе се одвиваат во попладневен термин кога нема да биде потребна употреба на рефлектори.

Од 124-те меча кои треба да се доиграат во Серија А, само 10 ќе почнат во 17.15 часот, и тие десет меча ќе бидат за викенди. Наполи и Лече се тимовите кои нема да играат ниту еднаш во овој термин, но никој нема да игра повеќе од двапати во денски услови. Повеќе од половина мечеви (64) се закажани со почеток во 21.30 часот, а вкупно 50 меча ќе се играат во терминот од 19.15 часот.

Дербито помеѓу Јувентус и Лацио кое може да биде и пресудно за титулата, би требало да се игра во понеделник навечер, на 20-ти јули, во рамките на 34-тото коло. Лигата треба да финишира на 2 август.

- Оглас -

Најнови вести