Денеска преку сајтот на ФИФА започна аплицирањето за добивање на билети за Мундијалот во Катар, кој се игра во ноември и декември годинава, а според достапните цени на билетите, се вели дека олку ефтини билети за фудбалско СП немало од 1986 година наваму.
Меч од групната фаза на СП во Катар ќе може да се гледа и за 61 евра. Тоа е драстично поефтино од пред четири години во Русија, кога за билетите од иста категорија, билетите чинеа 90 евра.
За локалното катарско население, ќе има билети и за само 10 евра, а истите такви за Русите чинеа 20 евра.
Најскапиот билет е за седиште во прва категорија на стадионот, за финалето на 18-ти декември. Тие билети чинат 1.418 евра. Пријавувањето трае до 8-ми февруари.