Објавени цените на билетите за СП во Катар, не било толку ефтино уште од Мундијалот 1986

Денеска преку сајтот на ФИФА започна аплицирањето за добивање на билети за Мундијалот во Катар, кој се игра во ноември и декември годинава, а според достапните цени на билетите, се вели дека олку ефтини билети за фудбалско СП немало од 1986 година наваму.

Меч од групната фаза на СП во Катар ќе може да се гледа и за 61 евра. Тоа е драстично поефтино од пред четири години во Русија, кога за билетите од иста категорија, билетите чинеа 90 евра.

За локалното катарско население, ќе има билети и за само 10 евра, а истите такви за Русите чинеа 20 евра.

Најскапиот билет е за седиште во прва категорија на стадионот, за финалето на 18-ти декември. Тие билети чинат 1.418 евра. Пријавувањето трае до 8-ми февруари.

- Оглас -

Најнови вести