Македонскиот фудбалер Елиф Елмас е казнет од неговиот клуб Наполи со 56 илјади евра и тоа претставува една од поблагите казни кои на играчите им ги изрече претседателот Аурелио де Лаурентис по несогласувањата и недисциплината кога не сакаа да одат во карантин. Вкупната сума на казни е над 2 милиони евра.
Најлошо минаа Инсиње и Алан, кои се казнети со по 50 проценти од нивната месечна плата за октомври. Сите други се казнети со по 25 отсто од платите.
Инсиње ќе плати казна дури од 374.000 евра, Кулибали 225.000 евра, а Алан 187.000. За Лозано, Манолас и Мертенс казните се по 168.000 евра, додека Калјехон е казнет со 131 илјади. Гулам ќе плати 112.000 и со него завршува листата на играчи со казни над 100.000. Елмас и Хисај по 56.250, а најблага е казната за Гаетано, само 5.000 евра.