Се појавија непријатни фотографии од Бернар Тапи и неговата сопруга Доминик откако беа ограбени и претепани од крадци кои влегле во нивниот дом. Некогашниот газда на Олимпик Марсеј и поранешен главен акционер во „Адидас“, кој сега е 78-годишен, и жена, му која има 70 години, биле врзани со кабли и малтретирани со цел да признаат каде им се парите и останатите скапи работи.
Повредите кај двајцата се очигледни, а по објавувањето на фотографиите, реакциите во јавноста се уште поголеми и се бара строга казна за напаѓачите. Имало четворица напаѓачи.
Крадците од куќата на Тапи заминаа со два часовници, од кои едниот „ролекс“, обетки, прстен и бразлетни.