Објавено видео на кое Кристијано е збеснат: Играме како гом*а (Видео)

Кристијано Роналдо помина три сезони во Јувентус, период во кој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Португалецот, кој петпати се радувал на трофејот во елитната лига на УЕФА, секојпат игра со посебен мотив во Лигата на шампионите, а кога резултатот не е во негова корист, очигледно знае да биде многу лут, што се потврдува и на снимката која се појави од соблекувалната на Јувентус.

Се работи за полувремето од дуелот меѓу Јувентус и Порто, во рамките од нокаут-фазата во ЛШ. Италијанскиот првак на полувремето губеше со 0:1, а Роналдо беше многу лут.

„Играме како гом*а! Јас исто така играм како гом*о. Играме ужасно и факт е дека итно мора да го промениме тоа. Ова е меч од Лигата на шампионите и мора да покажеме карактер“, викаше Роналдо на италијански и португалски јазик.

Во еден момент до Роналдо застана Хуан Квадрадо, кој прво се обиде да го смири Кристијано држејќи го за рамената и велејќи му дека треба да биде пример за сите останати.

„Не го велам ова само за другите затоа што и јас играм ужасно“, продолжи да се дере Роналдо, а потоа следуваше викање и од Квадрадо.

На крајот од снимката се слуша како тренерот Андреа Пирло им вели на двајцата „Доста! Доста Кри, доста Хуан“, а потоа снимката прекинува.

https://youtu.be/XkuhTEfQPHc

Јувентус по првото полувреме губеше со 0:1 од Порто, а во вториот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 2:1. Бидејќи Старата дама во Порто загуби со 1:2, мораше да се играат продолженија, а во дополнителните 30 минути резултатот беше 3:2 за Јуветус и на крајот Порто беше тимот кој се радуваше на поминување во следната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести