Објектите направени за Мундијалот, Катар ќе ги донира во Турција

Катарскиот фонд за развој (QFFD) планира да испрати 10.000 монтажни објекти од минатогодишното Светско првенство во фудбал како помош за преживеаните во разорните земјотреси во Турција.

Оваа хуманитарна помош стартуваше во неделата, кога беа испратени 350 објекти, кои беа направени специјално за навивачите кои беа дел од Мундијалот, а немаа место за сместување во хотелите. Тоа се монтажни куќи кои служеа за сместување на поголем број навивачи.

Минатиот понеделник во пограничниот предел меѓу Турција и Сирија се случија два силни земјотреси. Првиот беше со силина од 7,8 степени според Рихтерова скала, а вториот беше 7,5 степени според Рихтер. Досега е потврдено дека повеќе од 35.000 загинаа во урнатините на зградите кои не ја издржаа силината на земјотресот, а повеќе милиони останаа без своите домови.

 

- Оглас -

Најнови вести