9.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Облак асистираше за водство на Атлетико, но Бриж не се дава (Видео)

Атлетико Мадрид поведе против Клуб Бриж со 1-0, голот го даде Александер Сорлот, а асистенцијата беше на Јан Облак.

Словенечкиот голман упати долга топка кон Сорлот, кој доби дуел „еден на еден“ и шутна, а топката мина под голманот Мињоле, кој веројатно требаше подобро да реагира во ситуацијата и виновник е за примениот гол.

Претходен пат кога голман во нокаут-меч во ЛШ имал асистенција беше во 2019 година, тоа тогаш му успеа на Едерсон од Манчестер сити против Шалке.

Како и на првиот меч кога шпанскиот тим водеше, тогаш не само со 1-0, туку и со 2-0, а на крајот средбата заврши 3-3 и вечерва Бриж неутрализираше прво водство на Јорганџиите, моментниот резултат е 1-1 и продолжува битката за место во осминафиналето на Лигата на шампионите. Атлетико на сите десет меча во ЛШ сезонава прима гол.

Ова се асистенцијата на Облак и голот на Сорлот:

- Оглас -

Најнови вести