Алваро Мората и Саул Нигез со по еден погодок во мрежата на Вилјареал му донесоа нова победа на Атлетико Мадрид, а што е најважно за популарните „јорганџии“ продолжи серијата без примен гол на последните три меча.
Атлетико повторно игра во својот препознатлив стил и победува со гол-два разлика и тоа без да им се тресе мрежата.
Јан Облак е несовладан повеќе од 280 минути, а последен што му даде гол е Герет Бејл на мадридското дерби со Реал на 9. февруари.
Оттогаш Атлетико нанижа три победи, против Рајо Валјекано со 1:0 и против Јувентус и Вилјареал со по 2:0.
Тимот од Мадрид остана во битка за титулата во Шпанија, има 50 бодови, 7 помалку од лидерот Барселона, а имаат убава предност од два гола и во дербито со Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампионите.