Облак му одбрани пенал на Роналдо, па Кристијано не можеше да престане да плаче (Видео)

Драмата меѓу Португалија и Словенија уште трае, а Кристијано Роналдо е во фокусот. Се играше 105-тата минута, односно крајот од првото продолжение, кога беше досуден пенал за Португалија.

Кој друг ако не Роналдо ја презеде одговорноста да шутира, но херој е Јан Облак. Голманот на Словенија успеа да му одбрани пенал на Роналдо за резултатот да остане 0:0.

По промашениот пенал, Роналдо не можеше да престане да плаче.

 

- Оглас -

Најнови вести