Облак носи малку сонце во Мадрид, голманот ќе го продолжи договорот до 2021 година

Јан Облак ќе продолжи да брани за Атлетико Мадрид најмалку до 2021 година, најавува реномираната „Марка“. Според шпанскиот медиум, словенечкиот репрезентативец деновиве ќе го продолжи договорот со клубот до 2021 година.

Тоа веќе е договорено со првиот човек на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Гил Мартин, а според информацијата што ја објави „Марка“ ,отштетната клаузула ќе биде отприлика иста како и досега и ќе изнесува 100 милиони евра.

Облак во континуитет брани импресивно за Атлетико Мадрид и се промовира во еден од најдобрите голмани на Стариот Континент.

За него се интересираат многу клубови, пред сè Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен, но веројатно ќе останат со „куси ракави“ ако се оствари најавата на „Марка“.

- Оглас -

Најнови вести