Најдобриот голман во Ла Лига во изминативе неколку сезони и член на Атлетико Мадрид, Јан Облак, го посочи Манчестер јунајтед како следна дестинација каде што би сакал да ја продолжи кариерата. Иако Словенецот во април потпиша нов договор со Јорганџиите, неговата клаузула од 120 милиони евра остана, а неа би ја активирале Црвените ѓаволи доколку го продадат Давид де Хеа.
Облак се истакна како еден од најдобрите голмани на светот во дресот на Атлетико, кој во 2014 година пристигна од Бенфика само за 16 милиони евра и претставуваше замена токму за Де Хеа, а сега повторно може да биде негов наследник на „Олд Трафорд“.
Првиот голман на Шпанија веќе извесно време се поврзува со трансфер во редовите на ПСЖ, но Светците го имаат и Облак на листата потенцијални засилувања.
Се чини дека сè зависи токму од францускиот првак. Ако ПСЖ го купи Де Хеа, тогаш Јунајтед ќе ги искористи средствата од неговата продажба за да го ангажира Облак, кој, пак, посочи дека уште од мали нозе навива за најтрофејниот англиски клуб.