Облак заспа, Гранада урна една од најдолгите серии во Топ-5 лигите (Видео)

Гранада конечно успеа да го победи Атлетико Мадрид, за првпат по серија од 17 меѓусебни дуели.

Иако губеа со 0:1 од втората минута по голот на Жоао Феликс, домаќините конечно најдоа начин да го победат актуелниот првак на Шпанија.

Клучниот момент се случи во 17-тата минута, кога Дарвин Мачис постигна еврогол, малку и со помош на Јан Облак, кој не ја процени ситуацијата и доцна реагираше, но погодокот е фантастичен и можете да го погледнете ОВДЕ.

За целосен пресврт и прва победа во клупската историја на Гранада против Атлетико се погрижи Хорхе Молина со гол во 61-вата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести