Јамајканецот Облик Севил стана нов светски првак во спринт на 100 метри, откако во финалето на Светското атлетско првенство во Токио ја надмина конкуренцијата.
Севил истрча фантастично време од 9,77 секунди, со што освои злато и постави нов личен рекорд. Сребрениот медал му припадна на неговиот сонародник Кишан Томпсон, кој задоцни само пет стотинки.
Бронзата ја освои Американецот Ноа Лајлс, кој нешто послабо стартуваше, но на крај ја заврши трката со време од 9,89 секунди.
За Севил ова е прво светско злато и најголем успех во неговата досегашна кариера.