Фудбалскиот Мундијал годинава ќе се игра во зима, тоа ќе биде прв таков случај во историјата на светските првенства. До почетокот на СП во Катар останаа уште 156 дена, а обложувалницата Sport Life веќе ги објави квотите за светски првак и за 16-те мечеви од првото коло во фазата по групи.
Според квотите, главен фаворит за светската титула е Бразил. Квотата за титула на Кариоките е 6.00. Потоа следува актуелниот шампион Франција со квота 7.00, па Аргентина и Англија со по 8.00 и Шпанија со 9.00.
Двоцифрени квоти има за Германија, Белгија, Холандија, Португалија, Данска, Уругвај, Хрватска и Сенегал. За Швајцарија и САД квотата е 100, а за Србија 123.
Најголеми аутсајдери се Саудиска Арабија, Костарика и Иран. За некоја од овие селекции да биде светски првак, квотата е дури 750. Коефициентот за Австралија е 400, а за домаќинот Катар 350.
Светското првенство стартува на 21 ноември со четири меча, и тоа Сенегал – Холандија, Англија – Иран, Катар – Еквадор и САД – Велс. Квотите за овие четири и за останатите 12 меча од првата рунда исто така може да ги најдете на сајтот на Sport Life.