Обложувач на исплата на богат тикет се појави маскиран за да не го познаат?! (Фото)

Еден маж од Кенија освои дури 313.000 долари на еден тикет кој го уплатил во обложувалница, а на исплата на парите дојде маскиран за да не му се гледа лицето.

Обложувачот остана анонимен, а на исплата дојде како „нинџа“, му се гледаа само очите, маскирањето со фантомка и шешир беше успешно.

Но, се појави информација и дека всушност станува збор за монтажа. Точно е дека не е познато името на човекот кој добил многу пари, но фотографијата била од 23 септември, кога обложувалницата договорила соработка со еден фудбалски клуб.

Како и да е, фотографијата со „маскираниот обложувач“ предизвика многу реакции и коментари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести