Обложувач од Македонски Брод даде малку, а доби многу!

Уплата од само 20 денари, му донесе фантастична добивка од 105.735 денари на еден обложувач од Македонски Брод. Играчот во објектот на Sport Life во Македонски Брод типувал на пет меча дека ќе паднат голови на двете страни уште во првото полувреме и ризикот му се исплати многукратно.

На тикетот се натпревари кои се играат во понеделникот и вторникот. Погодени се ГГ прво на средбите Ботошани – Клуж, Атлетико Мадрид – Селта, Белененсес – Гимараиш, Лимон – Перес Зеледон и Серкл Бриж – Остенде. Освен последниот, кој се играше во вторникот, сите други се играа во понеделникот. Квотите се од 4.30 до 6.50.

На сите овие мечеви двата тима даваа барем по еден гол во првото полувреме, за голема радост во Брод. Најтешко беше во Мадрид, каде што Атлетико во финишот на првиот дел, во 45-тата минута постигна прв гол, а стрелец беше Луис Суарес.

- Оглас -

Најнови вести