Обложувач се пофали: Му го згрешија синглот и така успеа да погоди неверојатен коефициент од 41!

Еден обложувач во Sport Life имаше голема среќа откако на еден сингл тикет, односно ливче на кој имаше само еден пар, по грешка успеа да погоди неверојатен коефициент од 41.

Се работи за дуелот меѓу Белграно и Бока јуниорс во аргентинското првенство. Првичниот план на обложувачот бил да „брка“ дека Бока јуниорс ќе постигне 4+ погодоци. Сепак, наместо Т2 4+, на тикетот е уплатено Т1 4+ што значеше дека домаќините треба да постигнат четири гола.

Неверојатен коефициент од 41 беше дека Белграно ќе постигне четири гола против Бока јуниорс.

Тоа што делуваше како речиси неверојатно, на крајот излезе како нешто најлесно на целиот свет. Белграно успеа уште во првото полувреме да постигне четири погодоци во мрежата на Бока јуниорс и на крајот да победи со 4:3, а обложувачот на кого му беше згрешен тикетот, на крајот се радуваше на одлично погоден коефициент.

- Оглас -

Најнови вести