Обложувачите во Sport Life повторно имаа одличен викенд и остварија големи добивки на неколку уплатни места низ Македонија, и тоа со скромни уплати.
Популарни беа 30-те и ги има дури три со толкава уплата што донесоа супер добивки од над илјада евра поединечно.
СО ИГРА ШТО Е РАРИТЕТ, НАНИЖА 14 ПАРА И СИ ПОДИГНА 1.900 ЕВРА
Сепак, најинтересен е дибитниот тикет уплатен во Кисела Вода за 100 денари со 14 пара и една игра, и тоа многу необична, да се погодат исходите кога било на натпреварот, или на полувреме или на крај.
Како за мерак, нанижани се дури 14 пара, сите фудбалски, и се прецизно погодени за добивка во бруто-износ од 137.434 денари, или во нето-износ околу 1.900 евра.
Играта е едноставна и треба да го погодите точниот исход на прво полувреме или на крај, а мајсторот за обложување со добитен тикет има погодено дури 14 такви натпревари.
Или со обложувачки речник, ретко, ама ефектно до голема добивка во Sport Life со скромна уплата од 100 денари.
СО 3+ НЕМА УТКА, ОСОБЕНО КОГА ГОЛОТ ЗА ДОБИВКА ЌЕ СТИГНЕ ВО ПОСЛЕДЕН МИГ
Во Битола има уште еден сличен тикет со иста игра и исто така со 14 погодени фудбалски натпревари, сите одиграни со 3+.
Таа е една од најстандардните и најомилени игри за обложување, а овојпат донесе одлична добивка од 69.238 денари со уплата од само 32 денари.
Тука и среќата му беше наклонета на добитникот на околу илјада евра во нето-износ, а голот на Емполи во 92-рата минута за подвиг, пресврт и победа од 2:1 на гостувањето против Сасуоло донесе многу радост во Битола.
ВАЖНО Е ДА СИ МАЈСТОР ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ, ГОЛЕМИ ДОБИВКИ СЕ ОСТВАРУВААТ И СО МАЛИ ВЛОГОВИ
Два тикети што се уплатени за скромни 30 денари, но со многу вештина донесоа две големи добивки во Дебар Маало во Скопје и во Гостивар.
Првиот тикет што е уплатен во Дебар Маало е фантастично одигран и погодени се дури 28 натпревари. Без услов, без калкулации, директно и само со тип на конечен исход, опасниот мајстор за обложување си ќари 93.453 денари исплатени во Sport Life.
Интересно е што сите коефициенти се мали, највисокиот е на победата на Атлетико Мадрид против Бетис со квота од 1.65, но кога ќе се погодат дури 28 пара, тогаш и добивката мора да е вредна, а овде се работи за чист ќар од 1.300 евра со уплата од половина евро.
Најголемата добивка ја има обложувач со тикет уплатен во Гостивар, исто така само за 30 денари, а ќарот е топ и изнесува 166.496 денари.
Погодени се 17 натпревари, а на овој тикет има различни комбинации, но и тука е одиграно без систем и без услови. Сите натпревари се од вчера, а карванот кон нето-добивка од 2.300 евра тргна со победа на Интер против Удинезе, на меч што се играше од 12.30 часот вчера.
Сè потоа е за приказна како се игра во обложувалница, погодени се уште 16 натпревари со различни комбинации и се чекаше само единица на дербито во Парагвај меѓу Серо Портено и Олимпија за топ-добивка.
Домаќините постигнаа гол во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме и ја сочуваа предноста до крајот, па некаде пред полноќ имаше голема радост во Гостивар за мајсторски одиграниот и погоден тикет со 17 пара во Sport Life.