Вчерашниот ден беше супер плоден за еден обложувач кој во објектот на Sport Life во комплексот Настел во скопско Тафталиџе уплатил 25 денари на тикет дури со 23 пара и тикетот е добитен.
Погодени се исходите на сите 23 меча, фатена е вкупна квота од над 4.000, па бруто-добивката е повеќе од 100.000 денари.
На тикетот се фудбалски и кошаркарски натпревари кои се играа синоќа. Најголемата квота е 1.62, а иако сите делуваат како сигурици, никогаш не може да знаете дали некој фаворит ќе потфрли. Вчера сите кои важеа за фаворити, ја оправдаа улогата во играта конечен тип, но има и голем број фудбалски мечеви на кои е играно дека ќе има 1-2 гола во прво полувреме.
На Јувентус – Бенфика од ЛШ за жени имаше и трет гол во првото полувреме, со што тикетот ќе станеше недобитен, но судиите го поништија тој погодок и остана 1-1.


