Обложување и на врвен хокеј на мраз, стартува НХЛ плејофот

Со првиот меч од серијата помеѓу Њујорк ренџерс и Каролина харикенс, попладнево во 18 часот стартува плејофот во хокеарската НХЛ лига. Првото коло (осминафинале) се игра во три добиени, а плејофот ќе се игра во канадските градови Торонто и Едмонтон (источните тимови во Торонто, западните во Едмонтон), па за американските тимови како Ренџерс и Харикенс, дуелите ќе се играат на неутрален терен.

Њујорк има феноменален меѓусебен биланс во пресметките со Каролина во последните девет години, ги победија во сите четири дуели сезонава, но екипите немаат играно од март, па не се знае во каква форма се, и што може да се очекува на мечот во Торонто. Плус тоа, Ренџерс во плејофот влезе благодарение на новиот формат (првите четири од секоја конферернција одат директно во четвртфиналето, а петтиот до 12-тиот играат осминафинале), а беа 11-ти на Истокот во регуларната сезона.

Мечевите од НХЛ лигата нема да играат само после полноќ, доказ е и денешниот ден кога натпревари ќе се играат и од 18, 21 и 22 часот, па можете и во текот на денов да се обложите во Sport Life на мечевите од продолжението на сезоната во овој динамичен зимски спорт, за кој реткост е да се игра во лето.

- Оглас -

Најнови вести