Екипата на Партизан е пред потпис со големо засилување за новата евролигашка сезона. Неодамнешниот кошаркар на Шарлот, Алексеј Покушевски, во текот на подготовките на репрезентацијата на Србија за настапот на Олимпијадата дозна дека неговиот договор со НБА-лигата е прекинат, па белградскиот Партизан се обидува тоа да го искористи.
Жељко Обрадовиќ го посакува 22-годишниот кошаркар во својата екипа, а реализацијата на трансферот е во завршна фаза, па Партизан многу лесно ќе дојде до големо засилување за наредната сезона.
Покушевски во 2020 како 17-ти пик беше драфтуван од Минесота, потоа премина во Оклахома, а од таму зимава се пресели во Шарлот. Во НБА-кариерата има просек од 7,5 поени по натпревар, 4,6 скока и 1,9 асистенции.