Обрадовиќ: Им се извинувам на сите навивачи, чувствувам голем срам!

Поразот на Партизан од Сплит, прв по 27 години, шокира многумина, а најмногу навивачите на белградскиот тим кој беше голем фаворит.

По мечот, тренерот Жељко Обрадовиќ се извини за очајното издание на неговиот тим.

„Сплит одигра неспоредливо подобро од нас, апсолутно заслужи да победи. Мора да им се извинам на сите коишто дојдоа во сала да гледаат вакво неверојатно лошо издание. Јас ја преземам одговорноста на лошата игра и тоа како изгледаше тимот. Пред нас е серија тешки мечеви и мислев дека е шанса да одмори Пантер и да не играат Доужер, кој има проблем со ногата, и Трифуновиќ, кому му се слоши пред некој ден и уште се испитува. Уште еднаш се извинувам, чувствувам голем срам“, рече Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести